
Телма во живо од Тумане
Најмалку 18 луѓе се мртви во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, но бројот постојано се зголемува. Земјотресот со јачина од 6,4 според Рихтер кој ја погоди земјата остави зад себе пустош, стотици повредени и десетици исчезнати. Спасувачки тимови се обидуваат да ги пронајдат преживеани, по силниот земјотрес. Жителите поставуваат шатори пред разурнатините.