
Земјотрес од 5,8 степени во Босна и Херцеговина
Балканот не престанува да се тресе. По низата земјотреси со епицентар во Албанија, во 10 часот и 20 минути регистриран е замјотрес и во Босна и Херцеговина. Земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот беше на подрачјето на Херцеговина, 11 километри од Невесиње и 77 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 километри. За сега нема ионформации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета, но истиот беше почувствуван и во Скопје.