13 француски војници ги загубиле животите во судир на два хеликоптери во Мали

13 француски војници ги загубиле животите во судир на два хеликоптери во текот на воена операција против џихадистите во Мали, потврди канцеларијата на францускиот претседател, Емануел Макрон.

Трагичниот инцидент се случил синоќа а Макрон изразил длабоко жалење до семејствата на војниците кои ги загубиле животите.

Во 2013-тата година, Франција распореди илјадници војници во Мали, откако исламистичките милитанти освоија голем дел од северните провинции во државата.

Армијата на Мали оттогаш повторно ја врати контролата на поголем дел од територијата , но овој регион и натаму останува несигурен а насилството се прелеа и во други делови од државата.

Франција во моментов има 4500 војници распоредени за поддршка на воените сили на Мали, Мавританија, Нигер, Буркина Фасо и Чад во нивните операции против исламистичките милитанти.

Вчерашниот трагичен настан е најголема загуба на животите на француските војници од почетокот на судирите во Мали.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ