(видео)Три збирки дијаманти со непроценлива вредност од државниот музеј во Дрезден завршија во рацете на криминалците

„Најголем грабеж на уметнички дела уште од Втората светска војна“ ова се денешните написи на германските медиуми кои информираат за бесценетата збирка дијаманти која беше украдена на дрзок и безобразен начин од историскиот музеј Грин Валут во Дрезден. Таму се наоѓаше најголемата колекција на богатства од сите музеи во Европа.

Три збирки дијаманти од државниот музеј во Дрезден завршија во рацете на криминалците. Гувернерот Кречмер вели не го ограбија музејот туку нас Саксонците.

  • Не ја ограбија само државната уметничка колекције, туку и нас Саксонците. Сега сакаме да направиме проценка на штетата и резултати од истрагата, рече Михаел Кречмер, гувернер на Саксоније.

Вредноста на украдениот накит е непроценлива, пред новинарите вработените во музејот велат дека посебна важност на украдените збирки накит со дијаманти и рубини е што тие датираат од 18 век во тоа е нивната историско-културна вредност, а не материјална- штетата е огромна. Овие збирки се на еден начин „светско наследство“, односно содржат околу 100 парчиња накит. Полицијата трагата по ограбувачите кои избегале со автомобил. Дел од акцијата која била добро смислема регистрирана е и на сигурносните камери, каде се гледаат двајца мажи.

  • Осомничените, очигледно, како што видовте, влегле во просторијата преку прозорецот свртен кон замокот, ја изрежале таму решетката, а потоа го скршиле стаклото и директно тргнале кон излогот, кој исто така го скршиле. Потоа како што реков ја напуштиле зградата и изчезнале. Првичната истрага покажа дека на локацијата се наоѓал автомобил кој подоцна бил искористен за бегството, рече Волкер Ланге, шеф полицијата во Дрезден.
  • Не морам да ви кажам колку сме шокирани, исто така и од бруталноста на грабежот. Мојата улога е, како што знаете, да зборуваме за непроценливата вредност на уметничките и историски дела, рече Марион Акерман, Државна уметничка галерија Дрезден.

Во музејот има околу 4.000 скапоцени предмети. Провалниците украле три комплети дијамантски накит од Трезорот, секој со по 37 парчиња,  кои, според некои медиуми, вредат околу милијарда евра. Сè уште не е познато колку предмети биле украдени од музејот. Полицијата соопшти дека тие биле известени пред пет часот утрото за упадот и кратко време по тоа стигнале во музејот. Засега нема осомничени за кражбата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ