
Силно невреме ја погоди вчера Грција
Силно невреме ја погоди вчера Грција, а најлошо поминаа Тасос, Халкидики и Кавала, пренесуваат грчките медиуми.
На некои места веќе е прогласена вонредна состојба, каде реките се излеале и го блокирале сообраќајот.
Денеска локалните власти тврдат дека се е под контрола.
Најкритично беше во Олимпијада на Халкидики и Панагија во Тасос, каде бурата носела и автомобили.