
Моралес обвинет за бунт и тероризам
Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес е соочен со обвинение за бунт и тероризам.
Вршителот на должност министер за надворешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинението се однесува на видео –снимката на која се слуша како Моралес координира со блокадите за време на протестите во Боливија.
Тој додаде дека владата бара максимална казна од 15 до 20 години затвор за Моралес.
Кризата во Боливија почна по победата на Моралес на оспорените избори на 20 октомври. Тој поднесе оставка на 10 ноември, а потоа доби азил во Мексико.
Боливискиот Парламент денеска треба да донесе закон со кој би биле подготвувани нови избори, откако пратениците на трите водечки партии постигнаа договор за тоа.
Симпатизерите на Моралес со недели го имаат парализирано градот Ла Паз со улични барикади. Тоа доведува до тесни грла во снабдувањето со храна и енергенси. Според привремената влада, Моралес упатил повик до своите приврзеници да ги продолжат блокадите.
Во нередите во Боливија во изминативе седмици загинаа преку 30 луѓе. Противниците го обвинуваат Моралес за фалсификување во своја корист на претседателските избори одржаи во октомври. Моралес пак тврди дека во земјата е извршен пуч.