Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер регистриран на Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил во Јонското Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри.

Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.

Закинтос е познат по честите земјотреси и на островот има строги правила за градење.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ