Нова плима во Венеција, штетата над милијарда евра

Венеција денеска се соочува со нова висока плима од 160 сантиметри. Повторно е затворен плоштадот Свети Марко. Локалните власти најавија дека следува уште еден тежок ден, но не толку драматичен како во вторникот кога градот ја претрпе најлошата поплава во последните 50 години.

Водостојот на реката Арно се следи и во Фиренца и Пиза. Градоначалникот на Венеција ги процени штетите од поплавите на околу милијарда евра. Закана за архитектонското богатство на градот се и скорешните ископувања во венецијската лагуна, што значи дека високата плима ќе донесе и повеќе сол, која ќе ги оштети старите градби. Експретите најмногу се загрижени за византиската базилка Свети Марко, која е посебно деликатна со своите древни мозаици и мермерни столбови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ