
Моралес пристигна во Мексико, вети дека повторно ќе се врати
Авион на мексикансаката влада го пренесе на сигурно поранешниот боливискиот претседател сега веќе азилант во Мексико, Ево Моралес, оставката следуваше по силниот притисок на протестите.
Моралес на Твитер потврди дека стигнал во Мексико и оти го боли заминувањето од земјата од политички причини, но вети дека ќе се врати посилен и поенергичен.
На социјалната мрежа Моралес објави фотографија на која се гледа како лежи под импровизиран шатор, направен од виолетово ќебе, и напишал како ја поминал својата прва ноќ во егзил.
– Ова беше мојата прва ноќ по напуштањето на претседателството и под принуда на државен удар. Им благодарам на своите браќа од сојузот Тропик оф Кока- бамба на овозможената безбедност и нега, напиша Моралес.
Боливискиот министер за одбрана Хавиер Завалета поднесе оставка. Војската соопшти дека ќе и се придружи на полицијата во патролирањето низ улиците, откако во протестите минатиот месец беа уништени четири полициски станици.
-Не сакаме мртви или ранети луѓе. Ние сме татковци, браќа, сопрузи. Ве молиме разберете дека полицијата секогаш ќе биде со нејзините луѓе. Не може да има општество без полиција, нема полиција без општество. да се разбере дека тоа е наша должност, наша работа, ние дадовме заклетва да бидеме лојални на народот, кон нашата татковина, не на некоја личност, ниту на политичка партија, изјави Хавиер Алберти, капетан на полицијата во Боливија.
Трамп оценува дека заминувањето на Моралес ја чува демократијата и го отвора патот да се слушне гласот на боливискиот народ. Во истовреме пак Претседателот на Венецуела, Николис Мадуро ја обвини неговата администрација за финансирање на „пучот“ во Боливија.
Билјана Ставрова