Руски професор уапсен откако во неговиот ранец биле пронајдени женски раце

Руски историчар призна дека ја убил својата љубовница, потврди неговиот адвокат, откако бил уапсен и во ранецот кој го носел со себе биле пронајдени женски раце.

63 годишниот Олег Соколов, бил пијан и паднал во реката додека се обидувал да ги фрли деловите од телото на жената која ја убил.

Полицијата потоа го пронашла обезглавеното тело на 24 годишната Анастасија Јешченко во неговиот стан во Санкт Петербург.

Професорот Олег Соколов е експерт за Наполеон и француската историја и добитник на најпрестижната француска награда Легија на честа.

Според информациите на руските медиуми, Соколов на полицијата и кажал дека ја убил својата љубовница по жестока расправија а потоа ги исекол нејзините раце и главата. Неговиот план бил да се ослободи од телото на убиена жена и потоа јавно да изврши самоубиство, облечен како Наполеон.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ