Прашањето за Косово пред Советот за безбедност на ОН

Претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на синоќешната седницата за Косово со различни ставови како да се реши косовското прашање и дали да се укине мандатот на УНМИК.

САД и Британија ги повикаа Приштина и Белград да ги отстранат пречките за продолжување на дијалогот со цел нормализација на односите, Русија и на Кина со непроменет став -решението да се бара во резолуцијата на Советот за безбедност 1244 од 1999 година. Додека пак американскиот дипломат оцени дека целите на оваа резолуција се остварени и оти УНМИК треба да се укине или реформира.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој имаше свое обраќање истакна дека исклучиво Приштина е одговорна што во моментов нема дијалог.

Србија е подготвена утре да ги продолжи разговорите, под услов да бидат исполнети условите,

рече Дачиќ.

Шефот на УНМИК Захир Танин изјави дека по изборите во Косово, меѓународната заедница очекува новите лидери да ја потврдат својата посветеност на разговорите со Белград и да ги отстранат пречките за дијалогот.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ