
Рашагејт – Што правела руската фабрика за тролови?!
Значи сепак, еден вид на информатичка војна во руското мешање со американските избори од 2016 година, имало.
Американскиот обвинител Роберт Милер обвини три руски компании и 13 руски граѓани, вклучувајќи ја и т.н. “Руска фабрика за тролови” за конспирација, со цел создавање поделби и хаос во американската политика.
Главниот готвач во приказната или „проектот Лакта“ е Евгениј Пригожин, господарот на рускиот кетеринг и еден од најблиските олигарски до Путин. Идејата на американците е дека Русија не употребувала стандардни шпиунски тактики и официјални државни тела за шпиунажа, туку дека работела на поддржување на аутсајдерите Трамп и Сандерс, против Хилари, преку еден фасаден систем составен од биснисмени и хакери, без никој да може да ги поврзе со Кремљ.
За Трамп операцијата почнала уште во 2014 година, многу порано пред тој да биде кандидат, па оттука не влијаеле врз изборите, додека за официјална Москва, обвинувањата се апсурдни.
„Обвинувањето се фокусира на руски државјани. Но, според изјавите кои доаѓаат од Вашингтон оптужбата е против руската држава, Кремљ и руската Влада. Но, нема никакви индикации дека руската држава може да е вмешана во ова, нема такво нешто и не може да има такво нешто“.
Како се движела операцијата? Во 2014 руските интернет специјалци се инфилтрираат на социјалните мрежи, пред се преку лажни идентитети на американски активисти. Конспирацијата се движи на три нивоа, прво преку Фејсбук и Инстаграм, со цел поделба на јавното мислење, создавајќи стотици илјадници следбеници. Еден од поранешните тролови од фабриката на Пригожин ја потврдува шемата.
„Тоа беше одделот за Фејсбук, тоа е каде што сите преведувачи и луѓе кои говорат странски јазици работеа. И токму тие се бавеа со Фејсбук и сега читаме дека отишле во САД и направиле тоа што направиле“.
Токму вториот чекор е раширување на терен. Агентите на „проектот Лакта“ шетаат надолж и покреку низ САД, од Невада до Мичиген, од Тексас до Илиноис во обид да соберат информации за тоа каде политичката битка на изборите ќе биде незивесна, како во Вирџинија, Колорадо и Флорида.
„Значи верувате дека извештајот е точен? Верувам дека така било и дека тие биле одговорни. Сите тролови знаеја дека Пригожин стои позади ова. Но, никој немаше докази“.
Конечно и третиот финален чекор, кампања на оцрнување и ширење омраза против кандидатите на американскиот естаблишмент како Хилари Клинтон, Марк Рубио, или противниците од републиканците на Трамп, како Тед Круз. Но, за рускиот истражувачки новинар Андреј Закаров, кој веќе истражувал на темата, американската истрага е спроведена без солидни докази.
„Што се однесува до фабриката не постојат ниту индиректни докази. Постојат некои протечени документи објавени од Анонимус интернашенл и многу сведочештва од поранешни вработени во фабриката кои тврдат дека е „општо место“, дека оваа структура е сопственост на Пригожин“.
И тука лежи слабоста на извештајот на Милер, нема никакви докази за врски помеѓу хакирањето на мејловите на демократите и активностите на фабриката на Пригожин. Второ средбите на ентуражот на Трамп со руски лица, били во отсуство на нивно знаење за идентитетот на соговорниците. Оттука и заклукот на Милер во извештајот, дека овие 13 обвинети лица немале склучено експлицитен пакт со Трамп со цел наштетување на Хилари Клинтон.
Поголем проблем за Америка е, како што забележува Фајненшел Тајмс, дека американците признаваат дека информацијата е оружје, идеја многу блиска до ставот на Путин, па сега целиот свет зборува со јазикот на Кремљ.
Но, Рашагејт е далеку од затворена, има уште многу што да се истражува, од Макјл Флин до зетот на Трамп и нивните контакти со Москва. Тоа што е јасно е дека првата официјална информатичка војна и понатаму трае.
Ивор Мицковски