
Демократскиот сојуз на Косово против идејата на Рама за заеднички претседател со Албанија
Партијата се огласи против идејата што ја изнесе албанскиот премиер Еди Рама во својот говор по повод десетгодишнината од независноста на Косово, а која се однесува на приближување на националните и безбедносни интереси на Албанија и Косово со тоа што овие две земји би имале еден заеднички претседател за десет години.
Според приштинскиот весник „Метро“, координаторот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово, Абдулах Хоти, изјавил дека предлогот е неприфатлив. Тој истакнал дека „предлогот на премиерот на Албанија, Еди Рама, е недостиг на почитување на аспирациите на косовските граѓани за независна држава и интеграција во ЕУ и НАТО“.
Албанскиот премиер, Еди Рама, во својот говор во Приштина пред пратениците на Собранието рече дека „Косово и Албанија ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски претставништва, но зашто да не и заедничи претседател како симбол на националното единство и една политика во сферата на националната безбедност“.