
Пукотница во Тексас- двајца загинати, 14 повреди
Две лица загинаа, а 14 се повредени во пукотница која се случи на студентска забава во близина на кампусот Гринвил во Тексас.
Тројца од ранетите се во критична состојба, а напаѓачиот е во бегство, велат од канцеларијата на шерифот во Тексас.
Забавата била организирана по повод враќањето во училиште, а мотивот се уште не е познат.
Како што кажа шерифот пукањето почнало 15 минути по пристигнување на полицијата на терен по пријава за недозволено паркирање. Тие слушнале пукање од другата страна на зградат но не биле сигурни дали од надвор или од внатре во зградата.
За сега само се знае дека било пукано од полуавтоматска пушка.