
Австралиските весници протестираат со цензурирани насловни страници
Најголемите ривали на пазарот на пишани медиуми во Австралија, во знак на единство, денешните изданија ги објавија со цензурирани насловни страници, протестирајќи против ограничувањата на слободата на медиумите.
„Њуз корп Австралија“ и „Најн мастхедс“ објавија редактирана содржина на насловните страници со црвени печати на кои пишува “Тајна”.
- Протестот е насочен против законите за национална безбедност, кој според новинарите ја загрозува слободата на информирањето и создава култура на тајновитост во Австралија.Никој не вели дека некој треба да биде над законите. Прашањето е: дали законите му служат на јавниот интерес? Доколку владата функционира на основа на култура која ги сокрива нештата затоа што не сака за нив да се дискутира, мислам дека во тој случај ние како даночни обврзници кои сме сопственици на владата губиме, затоа што ги немаме информациите за да носиме одлуки.
Во Јуни, полицијата спроведе истрага во седиштето на еден австралиски весник и куќата на новинар вработен во Њуз Корп Австралија, што предизвика силни реакции кај медиумите и дел од јавноста. Медиумите тврдеа дека полициските интервенции биле предизвикани од текстови кои се базирале на информации од свиркачи. Еден од текстовите содржел обвиненија за воени злосторства, додека вториот се однесувал за обидите на владина агенција да ги шпиунира граѓаните на Австралија.
Никола Илиевски