
Џонсон објави – постигнат е договор за Брегзит, опозицијата со критика овој договор е „уште полош“ од оној на Меј
Постигнат е договор за Брегзит објави претседателот на Европската Комиисја Жан Клод Јункер.
„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, рече Јункер.
-Предлагам договорот да биде предложен на самитот на ЕУ, рече тој, пренесен од британските медиуми,
Дека има договор потврди и британскиот премиер Борис Џонсон .

„Имаме одличен нов договор“, напиша Џонсон на Твитер.
Двете страни работеа врз текстот на договорот, но нам и натаму ни е неопходна потврда од британскиот Парламент, но и од Европскиот Парламент, додаде Џонсон. „Вол стрит џорнал“ напиша дека, сепак, станува збор само за „груб нацрт“ од договорот за „разводот“ на Велика Британија од ЕУ, како и дека пред преговарачите има уште многу работа околу деталите за усогласување и минување на процедурите низ парламентите.
Во меѓувреме лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека договорот на премиерот Борис Џонсон е „уште полош“ од оној на Тереза Меј, кој три пати беше одбиен од Парламентот.
- Овие предлози ризикуваат да предизвикаат трка до дното на правата и заштитите: ставање под ризик на безбедноста на храната, намалување на еколошките стандарди и правата на работниците и отворање на нашиот национален здравствен систем кон преземање од страна на американски приватни корпорации, изјави Корбин. – Овој договор за распродажба нема да ја обедини земјата и треба да биде отфрлен. Најдобар начин да се реши Брегзит е на народот да му се даде последниот збор на јавно гласање, додаде лидерот на лабуристите.