
Топ Тема 15.10.2019
Во исчекување со долги дискусии и неизвесен исход . Франција и Холандија не прифаќаат да и се даде на Македoнија датум за преговори. Македонските власти се уште се надеваат за шанса да добие датум за преговори барем според финскиот предлог.
Колку сценарија постојат? Како ќе влијае пролонгирањето на неизвесноста ? Зошто Франција е толку тврда и непопустлива?
На овие и други прашања во Топ тема одговараа: Бојан Маричиќ преговарач и посебен советник за евроатлански интеграции во Владата, Малинка Ристевска Јорданова член на Управниот одбор на ЕПИ и Христина Рунчева од ВМРО ДПМНЕ.