Тереза Меј повика на нов договор за безбедност со ЕУ до крајот на 2019 година

Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска побара да се склучи нов договор за безбедноста со Европската унија, што ќе стапи во сила следната година, а со цел да се осигура воената, разузнавачката и антитерористичката соработка по излегувањето на Велика Британија од Унијата.

– Клучните аспекти на идното партнерство во оваа област треба да стапат во сила уште од 2019 година, изјави Меј пред европски и американски високи претставници на Минхенската конференција за безбедност.

– Партнерството коe ќе го создадеме, треба да им понуди на Велика Британија и ЕУ начини за комбинирање на нашите напори за што е можно поголема ефикасност во областите од заеднички интерес, додаде таа.

Премиерката исклучи можност за втор референдум за Брегзит и истакна дека не може да се поништи резултатот од гласањето во јуни 2016 година

– Ја напуштаме ЕУ и не може да стане збор за втор референдум или поништување. Сметам дека е важно луѓето во Велика Британија цврсто да веруваат дека штом се донесе одлука, владите не би требало да се откажуваат од неа и да им велат дека погрешиле, истакна Меј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ