Ердоган: Операцијата во Африн е блиску до победа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турската операција во северозападна Сирија против курдските Сили за заштита на народот се приближува кон „победа” со секој нареден ден.

– Веќе 40 години мојата земја многу страда од терористите внатре во неа. И оние кои се внатре во земјата ги здружија силите со оние терористи во Сирија. Но, ние се приближуваме кон победа со секој изминат ден, посочи турскиот претседател.

Анкара смета дека сириската курдска милиција Сили за заштита на народот е поврзана со Курдската работничка партија, која се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Турција.

Ердоган истакна дека целта на операцијата е безбедно да се вратат дома над три милиони сириски бегалци, кои сега се наоѓаат во Турција.

– За тоа се бориме. Не ни треба сириската земја, рече Ердоган.

Офанзивата на турските вооружени сили „Маслиново гранче“  во сирискиот град Африн почна на 20 јануари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ