
Во операцијата во Сирија убиени се 277 терористи, Столтенберг апелира на воздржаност
Во турската операција „Извор на мирот“ во Сирија убиени се, како што соопшти турското Министерство за одбрана, 277 терористи, јави Анадолија.
Според тв станицата Ал Арабија, во турските воздушни напади во изминатите 24 часа загинале 17 цивили.
Анкара пред два дена почна операција на северот на Сирија која почна со воздушни напади врз позициите на Курдите, кои Анкара ги смета за терористи.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека едно можно решение за конфликтот меѓу Курдите поддржани од САД и турските сили во североисточна Сирија е Вашингтон да посредува во мировни преговори.
Денеска во Анкара допатува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој упати апел кон турските власти за воздржаност при нападите.