
Самоопределување води на предвремените избори во Косово
На денешните предвремени избори во Косово најмногу гласови освоија Самоопределување 26,02 и Демократскиот сојуз со 25,03, покажуваат официјалните резултати на Централната изборна комисија. Според 80 проценти од обработените гласачки места на трето место е Демократската партија на Косово со 21,15 проценти.
Алијанса за иднината на Косово на доскорешниот премиер Рамуш Харадинај освои спомалку од 10 проценти.
Според овие резултати Самоопределување на Албин Курти и Демократскиот сојуз би добиле по 32 пратеници додека Демократската партија на Кадри Весели 24. Алијанса за иднината на Косово на Харадинај, која коалицираше со Социјалдемократската иницијатива ќе освои само 11 места.
Од 120 члениот косовски парламент Србите имаат 10 загарантирани места, додека 10 имаат останатите малцинства. Кај српскиот блок целосна победа однесе Српска листа која ги освои сите 10 места.
Игор Трајков