Скај њуз: Борис Џонсон повторно ќе го суспендира Парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон повторно ќе ја суспендира работата на Парламентот на 8 октомври, јави денеска Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.

Џонсон ќе го стори тоа пред објавувањето на новиот законодавен план, на 14 октомври.

Минатата недела британскиот Врховен суд пресуди дека суспендирањето на Парламентот по барање на премиерот Џонсон било нелегално.Џонсон побара британскиот Парламент да биде суспендиран од 10 септември до 14 октомври, а кралицата Елизабета Втора го прифати неговото барање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ