
Убиен е личниот телохранител на саудискиот крал Салман
Личниот телохранител на саудискиот крал Салман е убиен од огнено оружје во, како што соопштија властите, лична расправа, не давајќи многу детали за инцидентот кој ја шокираше Саудиска Арабија.
Има малку информации за тоа како бил убиен генерал-мајор Абдулазиз Ал Фагхам во Џеда. Првата официјална потврда за неговата смрт дојде преку Твитер налогот на саудиската државна телевизија.
Според пишувањето на локалните медиуми, Фагм исто така бил и личен телохранител на покојниот крал Абдулах..