
Плакат со мртовечка глава поставен пред Српската амбасада во Сараево
На влезот на Амбасадата на Србија во Сараево, непознати лица залепиле плакат на кој е нацртана мртовечка глава, а под него пишува „Четници костобацани“.
Српскиот амбасадор во БиХ, Станимир Вукичевиќ изјави дека инцидентот се случил вчера попладне, по што билa информирана полицијата која извршилa увид и го зела плакатот на вештачење.
Тој оцени дека плакатот е провокативен и дека немало повод за таква реакција.
Вукичевиќ најави дека Амбасадата ќе ги зајакне безбедносните мерки, бидејќи тоа и е обврска по ваков инцидент.
Србија денеска го одбележува Денот на државноста и по тој повод во Амбасадата во Сараево ќе биде организиран прием.