Незапаметено невреме го погоди јужниот дел на Шпанија

Најмалку двајца луѓе загинаа во невремето кое го погоди јужниот дел од Шпанија, носејќи со себе најобилни врнежи во овој регион во изминатите сто години. Маж и жена, на возраст од 60-тина години, биле пронајдени мртви во превртен автомобил, кој водата го однела стотина километри јужно од Валенсија. Кафената вода леташе низ улиците улиците од малиот град Онтинијент, носејќи со себе возила, дрва, огради, а речиси сите куќи кои се наоѓаат по течението на реката Кларино се поплавени.

Од реката се спасени уште тројца луѓе, но во оваа спасувачка акција биле повредени и 4 полицајци.

Водостојот на реката се зголеми на девет метри за само два часа, а со својата силина урна и мост кој датира од 16-от век.

За овој регион е прогласен црвен метео-аларм. Во најпогодениот град Онтиниент до пладне наврнале 400-тини литри дожд на метар квадратен, што според метеоролозите се најпоројни врнежи од 1917-та година. Затворен е железничкиот и патниот сообраќај, исто како и училиштата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ