Куба се соочува со криза поради американските санкции на гориво

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел предупреди дека земјата се соочува со сериозна енергетска криза поради недостигот на дизел гориво.

Претседателот ги обвини американските санкции за недостигот и ги предупреди Кубанците да се подготват за непосредни ефекти од недостигот на гориво.

Можни се проблеми со дистрибуцијата на производи што зависат од транспортот дизелот, јавниот транспорт и производството на енергија и ние се обидуваме да преземеме мерки за да ги избегнеме, изјави тој за националната телевизија.

Дијаз-Канел им се обрати на луѓето по неколкудневното забележително намалување на јавниот превоз, што предизвика долги редици во сообраќајот.

Иако деталите за мерките не се прецизирани, претседателот и министерот за економија Алехандро Гил изјави дека ќе има голем број на забележителни рестрикции во наредните денови.

Дијаз-Канел ги наведе зголемените санкции во САД како виновник за моменталната состојба, која вклучува мерки против нафтените компании што превезуваат нафта на островот, особено од Венецуела –  главниот сојузник на Куба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ