Студентите на протест во Хонг Конг против полициската бруталност

На првиот ден од школската година најмалку 10.000 ученици и средношколци во Хонг Конг ги бојкотираа часовите и излегоа на митинг на којшто го осудија насилство на полицијата против демонстрантите. На протестите во текот на викендот се случија едни од најжестоките насилства во меѓу демонстрантите и полицијата. И покрај напорите на образовните власти учениците да се врата во клупите денеска настава немаше во околу 200 уличишта во Хонг Конг.

Би сакале училиштата на бидат тивко, мирно и уредно место за студентите. Изминатите неколку недели воспоставивме врска и разговаравме со повеќе засегнати страни со предлози со цел да обезбедиме училиштата да работат нормално, колку што е тоа можно, изјави Кевин Јанг, секретар за образование.

Во саботата демонстрантите со молотови коктели предизвикаа пожари и ја нападнаа зградата на градскиот парламент додека полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови. Полицијата денеска соопшти дека во текот на протестите за време на викендот уапсени се 159 луѓе на возраст меѓу 13 и 58 години, кои направиле или учествувале во престапи за незаконско соирање, напад на полицаец и го спречува во извршување на должноста на полициски службеник. Гореа огнови пред институциите низ целиот град, а демонстрантите ја пробија безбедносната бариера. Но најжестоко беше во метро станицата принцот Едвард каде полицијата со тупаници, палки и солзавец се справуваше со демонстрантите. Денеска, по обвинувањата за прекумерна употреба на сила ги правдаа ваквите свои престапи дека биле воздржани и дека протестот излегол од контрола. Покажаа и мапа каде демонстрантите предизвикале пожари.

Радикалните демонстранти користат молотови коктели бомби кои можат да горат подолго и да предизвикаат голема штета. Ако некој е погоден од петролејска бомба, евентуалните последиците може да бидат незамисливи. Гледаме дека радикалните демонстранти целосно ја изгубиле контролата, тие делуваат без оглед на сигурноста на животот и безбедноста на јавноста, објави Мак Чин-хо, помошник шеф на полицијата на Хонг Конг.

Допуштање на насилството не е смирување на ескалацијата. Допуштање на незаконски активности исто така не е начин за смирување на ескалацијата. Ако луѓето прават злодела, ги кршат законите, мерки мора да се преземат. Тоа е нашата вредност. Тоа е владеење на правото, рече Џон Ли, државен секретар за безбедност.

Ситуацијата во оваа поранешна британска колонија е загрижувачка додека полицијата останува во цврста одбрана на институциите во Хонг Конг и го брани, како што велат, владеењето на правото, демонстрантите веќе три месеци браат целосно повлекување на контрадикторниот закон за екстрадија, сега суспендиран, со кој се допушта на осомничените да им се суди во Кина.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ