
Лабуристите бараат итна расправа за Брегзит
Британската опозициска Лабуристичка партија ќе побара итна расправа за Брегзит во следната недела. Како што објави лидерот Џареми Корбин по поднесувањето на предлогот во понеделник веќе во вторник по обезбедената поддршка од опозицијата, тој најави враќање во парламентот со цел да се спречи, како што го нарече недемократскиот чин на премиерот Џонсон, кој на еден месец го суспендираше Парламентот.
-Во воторник се враќаме во парламентот и ќе ја оспориме одлуката на Борис Џонсон за она што според мене е напад на демократијата, бидејќи се обидува да го суспендира Парламентот за да спречи сериозна расправа сериозна дебата, со цел да се спречи Брегзит без договор, рече Џереми Корбин, лидер на Лабуристичката партија.
Кралицата го одобри барањето на владата да го суспендира парламентот, во услови на зголемена криза за „Брегзит“. Кралицата е шеф на државата и е политички неутрална, но овој потег не беше неочекуван, бидејќи таа делува по совет на нејзината влада за политички прашања.
-Приоритет на мојата влада е да обезбеди најдобар можен договор додека земјата ја напушта Европската унија. Моите министри се посветени на соработката со парламентот, префрлање на администрацијата, бизнисот и друго за да го градат најширокиот можен консензус за идната на земја надвор од Европската унија, рече кралицата Елизабета Втора.
Илјадници луѓе се собраа на протести во Лондон, Манчестер, Единбург и други градови, додека повеќе од 1,1 милион луѓе се потпишува петицијата на интернет. На најголемиот собир во Лондон луѓето скандираа „Запри го пучот“ и се виореа знамиња на ЕУ. Високо на агендата на Европските министри за надворешни работи кои денеска се состанаа во Хелсинки покрај прашањата за Блискиот исток се најдоа и најновите случувања околу „Брегзитот“. Нив им е јасно дека иако предходно „Брегзит“ без договор беше планот Б, сега тој се сметаа за план А.
Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври, а прашањето за границата помеѓу Ирска, членка на ЕУ и британската Северна Ирска по Брегзит, и понатаму е главна бариера на Брегзит со договор.
Но, Кралицата Елизабета Втора го одобри барањето за прекин на работата на Парламентот, што значи дека тој нема да заседава од средината на септември до средината на октомври и тоа ќе биде најдолг прекин во работата на британскиот Парламент за речиси 400 години од парламентарната историја, а повторно ќе биде отворен на 14 октомври, малку повеќе од две недели пред Брегзит.
Билјана Ставрова