Вести 20 милиони долари од лидерите на Г-7 за пожарите во Амазонија
Групата 7 лидери се собраа на последниот ден од самитот во Биариц, на југот од Франција. Работната сесија почна со дискусија за климатските промени. Домаќинот, Макрон успеа да ги убеди своите гости да помогнат да се изгаснат катастрофалните пожари кои ја уништуваат амазонската прашума. Групата 7 ќе донира 20 милиони долари за сузбивање на огнената стихија.
– Но, најпрво сакам да соопштам дека државите на Амазон, кои ни побараа помош, ќе добијат 20 милиони долари и конкретна поддршка. Франција ќе помогне и со воена поддршка во регионот во следните неколку часа, изјави францускиот претседател Макрон.
Но, освен огнената стихија која беснее во Амазонија, мали се шансите дека лидерите на Г7, до крајот на денот, ќе дојдат до консензус за горливите прашања како трговијата, климатските промени, справувањето со Иран, Северна Кореја и Русија. Американскиот претседател со својата политика продолжува да се оддалечува од останатите големи нации, пишува угледниот Вашингтон Пост. Доналд Трамп рече дека во текот на ноќта, добил повик од Кина која бара повторни преговори за трговските санкции.
- Добивме два повика, многу добри, продуктивни јавувања. Тие сакаат бизнис. Сакаат да се склучи договор. тоа е многу важно. Мислам, за нив..Видете загубија веќе три милиони работни места, многу работи им се случија и затоа претседателот Си (Џипинг) е голем лидер..тој разбира, рече Трамп.
Но, Трамп одби да одговори дали кинескиот претседател лично му се јавил. Брзо по оваа изјава, од кинеското министесрство за надворешни соопштија дека не им е познато за некакви ноќни телефонски јавувања…Го потсетија Трамп да не ја злоупотребува ситуацијата со трговската војна, и да престане со погрешните практтики за ескалација на споровите. Трамп, исто така соопшти дека направил начелен трговски договор и со Јапонија. Со премиерот Шинзо Абе се договориле Јапонија да ги произведува своите автомобили во Америка. Но, од јапоснката страна соопштија дека овој договоре се уште е во прелиминарна фаза. Но, трговските релации со ЕУ остануваат тврд орев за Трамп, за која рече дека е слична на Кина и ситуцијата останува непроменета. И со Иран останува исто. Макрон се обиде да го омекне ставот на Трамп за санкциите кон Иран, па дури и го повика шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, кој допатува на самитот. Но, Трамп одби средба за која рече дека сега не е време.
– Нема да ви кажам кои ми се намерите, но Иран има шанса да се обнови себеси и да стане голема нација. Поголема од претходно. Но, мора да го запрат тероризмот. Тоа ви е прва нација на терор, рече Трамп.
Додека привршува самитот, и работните сесии, сопругите на седумте најмоќни лидери продолжија да се забавуваат. Брижит Макрон утринава ги одведе првите дами на градската плажа во Биариц да ги гледаат младите сурфери. Самитот беше проследен со протести. Народот е убеден дека ваквите самити се само фарса – потрошени денови каде ништо не се решава, а како и секогаш Трамп е против сите.
Алиса Шутиноска



