
Лидерите на Г-7 на спротиставени позиции
Седумте најмоќни дојдоа во Бијариц со своите спротивставени позиција и како рече Меркел „времето ќе биде кратко, бидејќи има толку многу проблеми“. Денешниот ден на самитот е посветен на трговските врски. Трамп со леснотија на појадокот најави силен трговски договор со Велика Бриталија веднаш по нејзиното изгување од ЕУ.
-Водиме многу добри трговски разговори меѓу Велика Британија и нас. Ќе направиме многу голема трговска зделка поголема отколку што сме имале досега со Велика Британија и тоа во одреден момент кога нема да има пречки. Кога нема да имаат сидро околу глуждот, кое што го имаа. Значи, ќе имаме многу добри трговски договори.
Но брегзитот без договор ги скара Туск и Џонсон кои меѓусебно се обвинуваа дека се „Господин без договор” и чија ќе биде вината ако тоа се случи. Џонсон со претпазлив оптимизан на средбите со Макрон и Меркел дека договор може да биде склучен пред Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври.
Лидерите на Г-7 на спротиставени позиции без оглед на тоа дали се работи за трговија, Иран, Сирија, Украина или Брекзит.
Американскиот претседател Тремп денеска демантираше дека има договор меѓу седумте земји за заедничка порака за иранското прашање. Прашан дали за тоа разговарале на билатералката со Макрон тој демантираше.
-Г-не претседателе. Дали се откажавте од изјавата за Иран, пораката за Иран за која Макрон рече дека ќе биде испратена од името на сите земји на Г7, прашаа новинарите.
-Не, не сме разговарале за тоа. Не…не, сум, одговори Трамп.
Детали околу пораката не беа дадени но беше нагласено дека целта е да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје и да се избегне понатамошна тензија на Блискиот исток. Познавачите на состојбите очекуваа тежок самит.
Ангела Меркел е на крајот од своето владеење, неспособна за големи иницијативи. Џустин Трудо се соочува со тешки избори во октомври. Италија се бори со нова политичка криза. Демократскиот свет, штотуку навикнат на соло одлуките на Доналд Трамп, сега мора да управува, со Борис Џоонсон, втор провокативен лидер. Што се однесува до американскиот претседател, тој веќе води кампања за неговиот реизбор и ги става интересите на Америка пред оние на Г-7 и во светот.
Под знамето не за Г7 веќе три дена траат протестите во близина на самитот. Француските власти соопштија дека привеле 68 луѓе.
-Г7 ги собра главните придонесувачи во нашата сегашна социјална и климатска криза. Тие не направија ништо за да ја променат ситуацијата и напротив, тие ги влошија проблемите. Затоа, дојдовме тука да го изразиме своето спротивставување против овој систем. Ние сакаме реални промени за општеството и екологијата, велат екологистите.
Жилтите елеци пак носеа портретите од Макрон свртени надолу во во знак на солидарност со активистите за животна средина, иако тој е на врвот на копјето во борбата против климатските промени, меѓутоа, активистите во Франција го обвинуваат дека не ги исполнува ветувањата да се намали зависноста на Франција од фосилните горива.
Билјана Ставрова