
Амазонската прашума високо на агендата на Г7, ЕУ подготвува финансиска помош
Огнот кој ги покоси шумите на бразилскa Амазонија ја пробуди меѓународната заедница. На Самитот на седумте најмоќни климатските промени се искачија на врвот на агендата.
„Нашата куќа гори. Буквално. Шумите на Амазон, големите бели дробови кои произведуваат 20 проценти од кислородот на нашата планета – изгореа! Ова е меѓународна криза“, напиша Макрон на Твитер. Поддршката стигна од канцеларката Меркел рече дека тој е во право – Г7 не може да молчат. Овој самит е тест на солидарноста и единството, истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, според кого се работи за тоа дали „ќе не биде или не“. Истовремено ЕУ се подготвува да понуди финансиска помош во борбата против пожарите.
-Палењето на амазонската прашума е уште еден депресивен знак на нашето време. Ние секако се залагаме за спогодбата ЕУ – Меркосур, кој се однесува на заштита на климата и на животната средина. Но тешко е да се замисли процесот на ратификација во европските земји се додека бразилската влада овозможува уништување на белите дробови на Земјата. Сега се работи за тоа „ќе не биде или не“, истакна Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.
По силниот притисок на европските лидери бразилските власти ја испраќаат армијата во помош за гаснење на пожарите во Амазонија. Претседателот Болсонаро ги критикуваше реакциите на меѓународната заедница, велејќи дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за санкциите. Франција и Ирска се заканија дека ќе блокираат договор за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите на Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) доколку Бразил не ја заштити Амазонската прашума во која моментно беснеат пожари.
-Ние сме влада која има нула толеранција за криминал и во однос на животната средина нема да биде поинаку, истакна Жиар Болсонаро, претседател на Бразил.
За големиот број пожари се смета дека се подметнати заради земјиште.
-Овде поминуваше камион, а возачот фрли цигара. Тоа беше цигара. Од овде помина бел камион и огнот започна. Потоа пожарот започна и мојот трактор речицси изгоре овде. Тешко, загинаа многу животни, Џунгласта, шумата е изгорена, комплицирано е. Не знам што да кажам, тешко е, вели фармерот Нери дос Сантос Силва.
Болсонаро ги разгневи активистите за животна средина откако даде отворена поддршка за расчистување на областите во Амазон за да се користат за земјоделство и рударство. Протести има ширум градовите во Бразил и пред амбасадите во светот.
-Не можам да разберам како сакаат луѓето да го исчистат местото со пожари, да бидат пасишта, не можам да разберам. Амазон е толку важен за светот. Тоа не може да го направите со Амазон, тоа е сосема погрешно и ние мораме да дејствуваме. Мораме нешто брзо да преземем, пред да биде предоцна, смета Марина Хувеја, 13-годишна демонстрантка.
-Она што се случува во Амазонија е злостор. Злостор за средината. Постои закон кој ја штити Амазонската шума, Галиене Лефевр, демонстрант.
Стотици илјади хектари амазонска прашума изгореа, а вкупно 73.000 пожари гореле од почетокот на годинава. Во моментов се активни повеќе од 2.500 пожари. Прашумите на Амазонија се белите дробови на светот, кои произведуваат една петина од глобалниот кислород.
Билјана Ставрова