Италијанските министри во клинч поради мигрантите од „Open Arms“

Шест европски земји сакаат да ги преземат 147-те мигранти блокирани на шпанскиот хуманитарен брод „Отворени раце“ во водите на Италија кај островот Лампедуза. Ова му го порача италијанскиот премиер Џузепе Конте на својот министер за внатрешни Матео Салвини, кој не дозволува влез на мигрантите. Во отвореното писмо, Конте вели дека Франција, Германија, Романија, Португалија и Луксембург ќе „подадат рака“ на мигрантите кои 13 дена чекаа одобрување да впловат и да се вкотват во италијанските територијални води. Министерот Салвини донесе забрана, но истата не му ја потпиша неговата сопартијка, министерката за одбрана Елизабета Трента – која рече дека политиката не смее да ја загуби хуманоста. Поради влошената здравствена состојба на мигрантите, меѓу кои има и мали деца, судот во Рим сепак одобри, бродот Опен Армс да се вктови, но Салвини денеска ја бранеше својата анти-миграциска позиција, и ја критикуваше министерката за која рече дека претходно немала никаков проблем да ги потпишува неговите забрани, а сега оденаш се претворила во Мајка Тереза.

  • Не верувам во случајности. Многу е чудно што токму на средина од месецов август, има некој кој работи на повторно отворање на вратите за илегалните мигранти. Има шест НВО кои шетаат низ Медитеранското Море во изминативе неколку часа. И ако дозволиме да помине идејата ека во Италија може да прави секој што сак, со групи од по 300 мигранти секој пат. Тогаш, се најдобро. ..Ако министерката Трента мисли дека јас не сум хуман….таа ги потпишуваше сите акти кои ги издавав до вчера. Или се претворила во Мајка Тереза од Калкута или не разбирала што потпишува се до вчера, рече Салвини на денешната прес конференција.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ