Руски авион принудно слета во поле откако птици влетале во моторите

Руски патнички авион принудно слета во поле во близина на аеродромот Жуковски набрзо по полетувањето од Москва откако птици удриле во моторите на леталото, соопшти авиокомпанијата „Урал Ерлајнс“.

Никој од 234 патници и членови на екипажот не се повредени.

Според соопштението од „Урал Ерлајнс“ авионот полетал од Москва за Симферопол кога птици улетале во двата мотора, по што се изгаснале, а авионот слетал еден километар од пистата.

Директорот на „Урал Ерлајнс“, Сергеј Скуратов наведе дека слетувањето било адекватно, а авионот не бил зафатен од оган, а патниците се евакуирани.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ