
Вучиќ: Не ме загрижува кампањата што се води против мене во Хрватска
„Патувам во Хрватска со желба да направиме нешто заедно за иднината“ изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Истакна дека во Загреб ќе разговара за билатералните односи помеѓу двете земји, а тоа ги опфаќа прашањето за границата, односите кон Србите во Хрватска и Хрватите во Србија, како и унапредувањето на економските односи.
„Мир и стабилност е мојата клучна порака, но Србија нема да биде покаже слабост за некој друг да биде задоволен“, порача Вучиќ, во очи официјалната посета на Загреб.
„Не ме загрижува кампањата што се води во Хрватска против мене, мојата работа подразбира да не реагирам лично, туку во интерес на Србија и нејзините граѓани“, нагласи Вучиќ и додаде дека не му се додворува никому, па ни на хрватското раководство.
Српскиот претседател утре патува во дводневна посета на Загреб, на покана на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.