Дали републиканските конгресменки ќе подржат Трамп?

Не се фаќајте на јадицата, ова е пораката од четирите конгресменки од редот на демократите, кои беа мета твитовите на Трамп полни со навреди, ксенофобија и нетрпеливост. Целта му е велат тие да го сврти вниманието на јавноста од вистинските проблеми. За нив Трамп е само станар кој зафаќа простор во Белата куќа.

„Од нашите колеги, до нашите соседи, благодарни сме на васата солидарност, вашето охрабрување и вашата поддршка соочувајќи се со најновата ксенофобија, нетрпеливост и критики од станарот во Белата куќа. Секогаш ќе го нарекувам станар бидејќи тој само го зафаќа просторот. Тој не е олицетворение на милост, сочувство, интегритет кои таа куќа ги бара и кои американскиот наорд ги заслужува“, вели Ајана Пресли, републиканка од Масачусетс.

Време е да го укинеме овој претседател, рече Омар која, за разлика од другите три конгресменки не е родена во Америка, таа е бегалка од Сомалија.

„Тоа е агенда на белите националисти без оглед дали тоа се случува секодневен разговор или на националната телевизија. Сега стигна до вратата на Белата куќа“, вели републиканката до Минесота Илхан Омар.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека нејзината партија ќе претстави резолуција која ги критикува ксенофобичните твитови на Трамп.

Овој чекор би можел да ги стави републиканците на Трамп во незгодна положба бидејќи би можело да ги доведе во ситуација или да гласаат против својот лидер или да ги бранат изјавите што широко се прифатени како расистички.

Но Трамп не запира повторно ги нападна четирите демократски пратенички во Конгресот. „Се што прават е само да се жалат“, рече тој „ова се луѓе кои ја мразат нашата земја. Доколку не сте среќни тука, може да си заминете“, напиша Трамп на Твитер и ги обвини пратеничките дека се поддржувачи на терористичката организација Ал Каеда. Трамп алудира на пратеничките Александрија Окасио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота и Рашида Тлаиб од Мичиген и Ајана Пресли од Масачусетс.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ