
Почнаа масовните отпуштања во Дојче Банк
Од Њујорк до Сиднеј, Дојче Банк почна со отпуштања на 18 илјади вработени. Ова е дел од големиот план на банката за реструктуирање кој се однесува на речиси една петина од вработените. Од надзорниот одбор велат дека отпуштањата ќе се слушуваат до 2022-ра година, а се неминовни за банката да врати константната профитабилност и да ги врати своите акционери.
Тоа ќе се случи следниве три години, свесни сме за тоа, но исто така немаме опција. Оваа банка мора да се концентрира на својата сила, а тоа се случува сега, и тоа значи затворање на филијали, и тоа исто така значи намалување на вработените, вели Кристиан Севинг, генералниот директор на Дојче Банк.
Лошата одлука, повикувајќи ги еден по еден, им е соопштено најпрво на луѓето кои работат во њујоршкото седиште. Во Америка ќе следат и најмногу отпуштања, поради тоа што Дојче Банк не успеа на американскиот финансиски пазар. Односно, идејата да се прошири надвор од Европа, пропадна. На Дојче банк со години не им оди, а репутацијата на глобално ниво им се влоши посебно поради бизнис релациите со Доналд Трамп.
Во основа, сите големи банки се опоравија по финансиската криза, за неколку години. Дојче Банк не. Минатата година не го помина стрес тестот за Федерални Резерви, и имаше многу реорганизација. Силно беа врзани и со грчката криза која се случи пред 7 години. Тргуваа со работи, со кои веќе тргуваа и другите банки – обврзници, нафта, стока. Затоа, не можеа да си го најдат своето место низ годините, и нивната уништена репутација ги чинеше скапо, оценува новинарот на Асошиејтед прес Кен Свит.
Со години, банката е соочена и со плаќање регулаторни казни, слаб профит и високи трошоци. Но, минатата година заврши во позитива, откако и успеа стратегијата за концентрација на моќта на европско тло. Дојче Банк ќе потроши шест милијарди евра за реструктуирањето, а со укинувањето на 18.000 работни места, бројот на вработени ќе се намали на 74 илјади.
Алиса Шутиноска