Продолжува самитот за избор на новото лидерство на ЕУ

Лидери на ЕУ денеска се собираат во Брисел во обид да продолжат преговори за именување за водечки функции за ЕУ институциите.

Трет ден по ред лидерите во ЕУ ќе се обидат да изнајдат компромис за имињата на идниот претседател на ЕК. Во пакет се бираат претседател на ЕС, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.

Пред состанокот средба имаа земјите членки на Вишеградската четворка кои вчера отворено се спротиставија за избор на холандскиот социјалист Франс Тимерманс за шеф на ЕК.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ