
Трамп прво наредил па потоа го откажал воениот напад врз Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп наредил одмазндичкнапади врз Иран по соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иранците но брзо се предомислил, тврдат американските медиуми. Првичната рекација на Трамп по соборувањето ан американскиот дрон беше смирена но кратко потоа се појави информацијата дека одобрил напади врз повеќе ирански цели но брзо ги откажал. Операцијата била во почетна фаза кога Трамп и наредил на армијата да ја прекине. Медиумите цитираат анонимни високи функционери од администрацијата но од Белата куќа нема никаков коментар. Одлуката да не се извршат планираните напади од сите страни се толкува како вистинската за да се спречи отворена војна меѓу САД и Иран.
Што се однесува до претседателот Трамп, можам да кажам дека постојат многу изјави и индикации дека американскиот претседател би сакал да избегне воена конфронтација и ние секако го поздравуваме тоа. Ги поздравуваме и сите чекори кои придонесуваат кон деескалација, вели портпаролката на германската влада Мартина Фиц.
Повеќе верзии на информацијата се појавија во САД, според една Трамп го одобрил планот да се извршат одмазднички напади врз повеќе цели во Иран, како неколку радари и ракетни батерии. Но според другата верзија Пентагон го предупредил претседателот дека нападите ќе доведат до неконтролирана ексалација со преголеми ризици по американските сили распоредени во регионот.
Сите се согласни дека регионот не може да издржи нова војна, особено не војна меѓу двата најважни центри како Иран и Америка, вели експертот за Иран Мохамад Нун.
Пооптимистичките проценки се дека ова можеби е и првиот чекор кон враќање на преговарачката маса, иако условите од иранската страна се многубројни а САД засега не отстапуваат од политиката на максимален притисок. Токму тука е и најголемата пречка за евентуалното отварање преговори.
Ако САД повторно го подржат нуклеарниот договор, ако ја прекинат серијата нови санкции врз Иран и ја повлечат класификацијата на Иранската револуционерна гарда како терористичка организација, тогаш преговорите ќе можат да продолжат. Но јасно е од изјавите на највисокото иранско водство дека нема да има преговори под притисок, оценува Нун.
Односите меѓу двете земји се нарушија откако Вашингтон го обвини Техеран дека не ги почитува условите поставени со нуклеарниот договор и се повлече од него. Дополнително воведоа нови санкции за Иран зголемувајќи го дипломатскиот притисок врз Техеран. Самиот Иран испрати гласна порака соборувајќи го американскиот дрон, но исто толку гласна беше и пораката од Вашингтон. Дали двете земји се навистина подготвени да одат во војна ќе покажат нивните следни чекори.
Игор Трајков