Борис Џонсон го зголеми водството во трката за нов лидер на британските конзервативци

Борис Џонсон го зголеми своето водство по третиот круг гласање на конзервативните пратеници за наследник на Тереза Мај како лидер на партијата.

Секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт, за кој многумина сметаа дека е најблиску до центарот и најпрогресивен од петтемина кандидати, испадна од трката со само 27 гласа од 313 пратеници.

Евросептикот Џонсон го зголеми бројот на гласови на 143, од 126 колку што имаше во вториот круг.

Во следниот круг гласање влегуваат и Џереми Хант со 54 гласови, Мајкл Гоув со 51 и Саџид Џавид со 38 гласови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ