Големи отстапки од Меркел за подршката од Социјалдемократите

Ангела Меркел успеа да постигне коалициски договор и ќе го започне четвртиот мандат како Кацелар на Германија. Иако овој пат и беа потребни многу повеќе време, но и многу повеќе отстапки. Германските медиуми пренесуваат дека канцеларката за коалицијата со социјалдемократите морала да ги отстапи најзначајните министерства.

Министерствата за финансии, труд и социјална политика како и министерството за надворешни, кое наводно ќе го добие партискиот лидер на социјалдемократите Мартин Шулц. Во медиумите се шпекулира дека ова воедно ќе биде и последниот мандат на Меркел како Канцелар, но и како лидер на Христијанско демократската унија.

Проблемот за  демохристијаните е тоа што следниот нивен лидер нема да биде доволно експониран во јавноста затоа што сите атрактивни министерства и припаднаа на Социјалдемократската унија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ