
ФОНСЕКА НОВ ТРЕНЕР НА РОМА
Пауло Фонсека е нов тренер на Рома. Португалскиот стратег потпиша договор на две години со можност за продолжување на уште една сезона.Тој одлучи да го напушти Шахтјор и да ја прифати понудата на римскиот клуб,менувајки го Клаудио Раниери кој беше привремено решение после отказот на Еузебио Ди Франческо.Покрај Шахтјор,46-годишниот Фонсека беше тренер и Брага, Пакош Фереира, Порто и на Авеш.