Супер ракетата на Илон Маск лансираше Тесла автомобил накај Марс

Без паника народе, и покрај анксиозноста и немањето здив пред лансирањето, а потоа и ентузијазмот на луѓето околу светот, во позадина на мелодијата „Лајф он Марс“ од Дејвид Боуви, Спејсменот и Теслата на Илон Маск патуваат накај Марс.

Испорачани во орбитата и на совршената траекторија кон Марс од ракетата Фалкон Хеви. Висока 70 метри, ракетата Фалкон Хеви е најмоќната на светот, со капацитет од преку 54 кубични тони товар. Единствено ракетата Сатурн 5, која го однесе човекот на Месечината во рамки на Аполо мисиите била во состојба да пренесе поголем товар. Станува збор за ракета која усовршена во иднина би носела човечки екипаж во вселената и да го трасира патот за експериментални експедиции кон Црвената планета.

Основачот на компанијата, Спејс Екс, Илон Маск, не можеше да поверува дека лансирањето пројде успешно.

„Навистина сум возбуден околу тоа што се случи денес. Неверојатно сум горд на тимот од Спејс Екс. Направија неверојатна работа создавајќи ја најнапредната ракета на светот и најголемата ракета на светот. Се уште се обидувам да разберам се што се случи, затоа што мене ми делуваше надреално“.

И навистина беше надреално да се гледа како двата ракетни бустери самостојно слетуваат на лансирачките платфори на Кејп Канаверал, и покрај фактот што главното јадро на ракетата не успеа во подвигот, промашувајќи ја платфорамата и паѓајќи во атлантскиот океан.

„Централното јадро, очигледно, не слета на бродот, инаку ќе го покажевме тоа. Проучуваме што се случи, но мислам, дека немаше доволно гориво за да ги упали сите три мотори. Мислам дека централниот мотор се запали, останатите два не. И тоа не беше доволно за да се успори ракетата во таа фаза“.

Сонот на Маск останува Марс, кој во 2016 година најави и план за колонизација на црвената планета. Но, далеку сме се уште од такви подвизи, и проектот би можел да се реализира само кого би се изградил уште поголем и помоќен вектор од последната ракета.

Но тоа е што е важно е дека трката кон истражување на Сончевиот систем повеќе не е монопол на државните агенции, туку се вклучуваат и приватните визионери. Сега се очекува и НАСА да одговори на овој историски комерцијален успех.

А, до тогаш уживајте во звукот на Боуви и прекрасните снимки од Земјата видена зад воланот на тркачка кола.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ