
Наследникот на Меј познат на крајот на јули
По 1.059 дена на власт, британската премиерка Тереза Меј поднесе оставка на функцијата претседател на Конзервативната Партија, но ќе остане премиер се додека не биде најдена нејзината замена. Меј ја најави оставката пред две недели поради тоа што не можеше никако да го спроведе Брегзитот, односно да ја спроведе одлуката од референдумот на кој Британците одлучија да ја напуштат ЕУ.
Според уставот, на Тертеза Меј и остануваат истите овластувања, но во очите на пратениците таа не може да воцедува какви било радикални политики, со цел да ги преземе нејзиниот наследник. Има право да спроведува финансова политика, која потоа би била преточена во закон, но за тоа ќе и треба м,нозинство во парламентот, што реално го нема. Меј ќе продолжи да ја претставува Велика Британија и на надворешен план, и може да ги менува министрите. Уставот, се уште и дозволува да ги наградува оние кои заслужиле – со титулата витештво и со назначувања во Домот на Лордовите.
11 ториевци се во трката да ја заменат на лидерската позиција во Конзервативната партија и по автоматизам, на премиерската функција. Кој ќе ја замени Меј на двете лидерски позиции ќе биде соопштено на 22-ри Јули.
На Кандидатите за наследник на Меј неопходна им е поддршка од најмалку 8 пратеници. Конзервативните пратеници потоа ќе гласаат за кандидатите кои ги поддржуваат и тоа повеќе пати, на 13-ти, 18-ти, 19-ти и 20-ти Јуни.
Двајцата кандидати со најмногу гласови потоа ќе одат на внатрепартиски избори на 22-ри Јуни а четири недели подоцна ќе биде прогласен наследникот на Меј. Новиот британски премиер секако ќе биде гладен своето име да го стави во историските книги како оној кој го решил Брегзит. Но, ЕУ лидерите се уште не се изјасниле кој од налседниците на Меј би сакале да седне со нив на маса за преговори, но знаат дека новиот лик ќе мора многу да се помачи.
Во чии раце останува Брегзитот ќе биде познато кон крајот на јули. И покрај големата популарност на поранешниот министер за надворешни Борис Џонсон, ништо не е сигурно, бидејќи членовите на парламентарната група моажат да се одлучат за некој кој е „помек“ кон Брегзитот и да ги задржи привилегиите кои земјата може да ги добие. Наследникот се бира со сурова борба меѓу Ториевците, толку сурова што во паритјата велат дека „ги извадиле ножевите“.
Алиса Шутиноска