
Трамп – Меј треба да остане за САД и Британија да склучат трговски договор
Американскиот претседател Трамп верува дека Британија може да склучи „многу значаен трговски договор“ со САД откако ќе ја напуштија ЕУ. На утринскиот појадок со десет американски и британски бизнисмени, тој на премиерката Меј и порача дека има простор за развивање на трговнски односи меѓу двете земји. Трамп рече дека и таа треба да остане на функцијата иако средбата се случува, само неколку дена пред Меј в петок да се повлече од функцијата лидер на владејачката Конзервативна партија, што значи и заминување од премиерското место.
-Денеска премиерот и јас разговаравме за нашите успешни економски односи. Двете земји работат добро и соработуваат со индустриските и стопанските четници. Можам да речам веројатно најголемите бизнис лидери било каде на светот. Нашите нации имаат повеќе од една милијарда долари вложено во економиите една на друга. Велика Британија е најголем американски странски инвеститор и најголем европски извозен пазар. Тоа е многу важно. Како што се подготвува Велика Британија да ја напушти ЕУ, така САД се посветени на феноменалниот трговски договор меѓу САД и Обединетото Кралство, рече Трамп.
Сепак зад камерите двајцата државници разговаа и за спорните прашања, како што е она за соработката со Хуавеј, трговските односи на САД со Кина, како и Иранската нуклеарна програма.
-Денеска разговаравме за важноста на заедничките напори на нашите две земји во решавање на дестабилизирачките активности на Иран во регионот и осигурувањето дека Техеран не може да добие нуклеарно наоружување. Иако се разликуваме во начинот на постигнување на таа цел, како што кажав пред Велика Британија да продолжи со нуклеарната спогодба, јасно е дека двете земји сакаме да ја постигнеме целта. Важно е што Иран ги исполнува своите обврски и прави се за да избегнеме ескалација која не е во ничиј интерес, рече Меј.
Но, на само неколку метри од средбата илјадници луѓе излегоа на протест против посетата на американскиот претседател. Над нивните глави се вее балонот – Тармп како бебе кое во раката држи мобилен, кој подоцна ќе биде испратен на сивото небото, некои продаваат и тоалетна хартија со ликот на Трамп, тука е „горилата“ Трамп која разговара со „затвореникот“ Борис Џонсон. Атмосферата е карневалска, а полициското обезбедување е се поголемо.
-Јас сум мајка. Не сум овде да протестирам со надеж дека ќе го сменам Трамп и неговата администрација. Дојдов да им упатам сигнал на моите колеги, на другите луѓе, на сите маргинализирани заедници, кои продолжува да ги напаѓа неговата администрација, обоените, ЛГБТ заедницата, ветераните, мигрантите. Јас сум тука да им покажам всушност – за се заложат за себе си, вели една демонтрантка.
Протести се одржуваат ширум Велика Британија, а лидерот на Лабуристите Корбин се обрати на протестот во Лондон, тој Трамп го повика да „размисли за мирот“. Горд сум, вели Корбин, што Лондон има муслимански градоначалник.