Во Турција 64 припадници на армијата осудени на доживотен затвор

Турскиот суд денеска осуди на доживотен затвор 64 припадници на армијата поради учество во неуспешниот воен удар во јули 2016 година.

Во судскиот процес 100 припадници на турската армија се ослободени од обвиненијата.

Во обвинението се наведува дека лидерите на пучот ги однеле студентите од Воената академија, кои не се сомневале во правата цел, во главниот штаб за да се соочат со цивилите кои се спротивставувале на обидот за воен удар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ