Најмалку 12 лица убиени, четворица повредени од незадоволен работник во Вирџинија Бич

Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. Полицијата го убила напаѓачот, јавија светските агенции.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил наоружан со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето.

Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и „веднаш неселективно“ пукал кон сите.

Напаѓачот потоа долго разменуваше оган со четворица полицајци во зградата, кои го спречија да направи „поголем масакр“, се наведува во соопштението од полицијата.

Во текот на интервенцијата еден полицаец е ранет, но панцирот му го спасил животот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ