Германските демохристијани и социјалдемократите со договор за формирање влада

Конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Мартин Шулц постигнаа договор за состав на нова коалициска влада, јавија германски медиуми.

Телевизијата А-Ер-Де, Шпигел, Билд објавуваат дека постои коалициски договор и дека последните несогласувања биле надминати. Тие се однесуваа на распределбата на министеркски функции, реформи во здравството и пазарот на труд.

Се очекува до крајот на денот коалицискиот договор да биде претставен на јавноста.

Изборите во Германија се одржаа во септември минатата година, Преговорите меѓу Меркел и партијата на Шулц почнаа на почетокот на оваа година.

Партиското членство, составено од 463.723 членови на германската Социјалдемократска партија треба да гласа за тоа дали ќе се прифати коалицискиот договор. Се очекува тоа да се случи во првиот викенд од март.

Според ДПА, донесени се и првите персонални решенија, па градоначалникот на Хамбург од СДП Олаф Шулц ќе биде новиот министер за финансии, додека Хорст Зихофер од Христијанско социјалната унија ќе раководи со Министерството за внатрешни работи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ