Шок по бродската несреќа во Будимпешта, осум мртви, по дваесетина се трага

Целата јавност е во голем шок по бродската несреќа во Будимпешта во која загинаа осуммина, а се уште се трага по 21 турист од Јужна Кореја, за кои постои мала надеж дека се преживеани. Но за познавачите на состојбата со пловните објекти на Дунав ова не е изненадување.

Загина цело семејство баба, со двете ќерки и шестгодишната внука. Туристичкото патување им го платила ќерката фризерка во знак на благодарност поради тоа што се грижеле за нејизното дете. Таа сега патува кој Унгарија за да ги подигне посмртните остакни на најблиските.

Спасувачката акција по 21 исчезнат во водите на Дунав во центарот на Будимпешта се уште трае. Дождот, ветрот и лошото време во текот на ноќта сериозно ја отежнуваа потрагата. Според најновите податоци по судар со крузер, бродот се превртел и потонал за само седум секунди.

Во морето од информации за несреќата интересно е и тоа дека бродот на Агенцијата Викинг кој се судрил со туристичкиот брод отпловил од Вуковар, па истрагата е проширена и во Србија.

  • Владата тесно ќе соработува со унгарските власти во истрагата на причините за несреќата. Ги замолив сите оддели да дадат се од себе во поддршката на семејствата на жртвите, вели Мун Јае-ин, претседател на Јуна Кореја, рече Мун Јае-ин, претседател на Јуна Кореја.
  • Ова е навистина трагично. Корејскиот министер за надворешни работи доаѓа утре. Нашите служби, полицијата, итната помош, пожарникарите, прават се што можат за да спасат што повеќе луѓе и ние ќе се потрудиме преку истрагата да откриеме што се случило, рече министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Потонатиот брод е пронајден под мостот Маргарет во раните утрински часови но, извлекувањето може да трае со денови.

Во разговор за унгарските искусниот Андреа Курбели, кој 27 години работи на бродовите, вели дека Дунав во Будимпешта е смртоносна замка за помалите туристички бродови. „Некогаш беше тоа добро регулирано и туристите со помалите бродови уживаа во знаменитостите на Будимпешта, но подоцна откако работата ја презедоа големите компании тие го имаат главниот збор во центарот на градот и наеднаш работата капетан на туристички брод стана една од најопасните во градот. Во таа гужва не е можно да се маневрира“, вели Курбели.

Хаваријата се случи во популарниот дел на градот каде туристите со бродови можат да ја видат осветлената зграда на парламентот.

Билјана Ставрова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ