
Ципрас свика предвремени избори во јуни
Грчкиот премиер Алексис Ципрас свика предвремени избори во јуни, рекол извор од неговата партија Сириза, кој сакал да остане анонимен. Ципрас рекол дека не може да ги игнорира изборните резултати.
Мандатот на владата истекува во октомври и пред објавувањето нa резултатитеа, владините претставници инсистираа дека изборите ќе се одржат на крајот од мандатот.
Ципрас рече дека ќе го посети грчкиот претседател за да побара предвремено распуштање на парламентот по вториот круг локални и регионални избори на 2 јуни.
Сириза, која е на власт од 2015, претрпе тежок пораз денеска на изборите за нови делегати во Европскиот парламент, заостанувајќи зад главната опозициска партија Неа демократиа за околу 9 проценти.