Ципрас: Денешното гласање – ден на одговорност за иднината на земјата

Освен европските, во Грција се одржуваат и локални избори- а двете гласања веќе се толкуваат како предпарламентарно одмерување на силите меѓу Сириза и опозициската Нова Демократија.

Иако анкетите навестуваат предност на Нова Демократија, победа очекуваат и Ципрас и Мицотакис. Од изборните резултат, спроед проценките, ќе зависи дали Грција ќе оди на предвремени парламентарни избори.

Ципрас, кој претхоно навести дека сите опции се отворени во зависност од исходот од гласањето, денешниот ден го оцени како – ден на одговорност за иднината на земјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ